Алкалоид го збриша и Пролет за “девет од девет”

50

Алкалоид остана перфектен и после деветтото коло во Супер-лигата. Избраниците на Кирил Лазаров ја оправдаа улогата на фаворит и против Пролет, на гостински терен славеа со 26-39 (15-20).

Серафимов беше стрелец на шест гола, по пет имаа Бинго и Митев. На другата страна Стојановски имаше седум гола.

Со овие бодови, Алкалоид ја потврди лидерската позиција со девет победи во исто толку одиграни натпревари.

Гостите поведоа со 5-9, па на двапати имаа плус седум 9-16 и 8-15. На одморот беше 15-20.

Во вториот дел, Алкалоид ја одржуваше позитивата која беше и 20-28, на крајот запиша двоцифрена победа.

За Пролет ова беше петти пораз, има две победи и две ремија.

Охрид очекувано славеше против Куманово на гости со 33-39.

ПретходноСветски познатиот експерт Јоже Урх на тренинг камп во Битола со македонските надежи!
СледноЕдна лоша четвртина за втор пораз на Пелистер во АБА 2 лигата