Анчелоти им дозволи на играчите да го „истурат“ бесот, па воведе ново правило!

2756

Се уште не се смирени страстите по доделувањето на Златната топка, каде никој од Реал Мадрид не се појави бидејќи се знаеше дека наградата нема да оди кај Винисиус Жуниор. Тоа беше главна тема во кралскиот клуб од понеделникот, но клубот реши да воведе посебно правило за да се заборави на сето тоа.

Карло Анчелоти одлучи дека нема потреба повеќе да се зборува на таа тема бидејќи неговиот тим треба да се фокусира на натпреварите што следуваат и затоа воведе посебно правило.

Шпанските медиуми пишуваат дека Анчелоти вчера им кажал на своите играчи дека во договор со Флорентино Перез одлучил дека е забрането воопшто да се споменува Златната топка во соблекувалната на кралскиот клуб.

Анчелоти најави дека воведува молк кога е Златната топка во прашање, а за доделувањето на топката воопшто не треба да се разговара.

И Перез се согласува дека не само играчите, туку сите во клубот целосно ја игнорираат темата и се однесуваат како да не постои.

Се очекуваше Реал да излезе со официјално соопштение, но Перез одби. Клубот сака целосно да ја игнорира Златната топка и да покаже јасен став дека за нив оваа награда повеќе не е актуелна и дека можеби нема да се појават на истото и следната година во знак на протест.

Анчелоти во понеделникот вечерта им даде дозвола на играчите јавно да го изразат своето незадоволство, но сега реши да стави крај.

Кралевите веќе ги очекува непријатно гостување на Местаља против Валенсија во сабота, а искусниот италијански стручњак сака тимот да биде максимално фокусиран на тој меч.

Покрај Златната топка, кралскиот тим доби нов тежок удар минатиот викенд бидејќи беше поразен од Барселона во Мадрид со убедливи 4:0 во првото сезонско Ел Класико и сега има шест бода помалку од лутиот ривал.

ПретходноПМФЛ: Силекс ќе го напаѓа лидерот, Вардар на мегдан со Брера, Тиквеш по трите бода против шампионот!
СледноБорбата против расизмот е причината поради која Винисиус не ја добил „Златната топка“?