Артета: Одегард ќе се врати во тимот многу брзо

66

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета рече дека се надева дека Норвежанецот Мартин Одегард ќе може да се врати во тимот пред почетокот на репрезентативната пауза.

Артета е вознемирен од постојано растечката листа на повреди, со тоа што Одегард е надвор од терените од септември поради повреда на зглобот, а дефанзивецот Рикардо Калафиори заработи повреда на коленото за време на победата од 1-0 во Лигата на шампионите над Шахтјор Доњецк на 22 октомври.

„Одегард тренира неколку недели и се надевам дека ќе се врати пред репрезентативната пауза. Би рекол дека Калафиори ќе биде надвор од теренот неколку недели“, изјави Артета.

ПретходноПетровиќ за поразот од Џокер: Не натскокаа, тука лежи причината за поразот
СледноЛиверпул успешно го мина и Брајтон за четвртфинале во Карабао Купот