Попладнево на програмата беше 12.коло во ПМФЛ. Работнички имаше 0:1 и со играч повеќе испушти шанса да победи во дербито во Кратово, ако се знае дека Алиќ во 76.минута израмни на 1:1. Во случај на победа на Силекс ќе имавме три екипи на врвот со по 23 бода.
Шкендија ја “реши“ Беса со 2:1 и сега му дојде на Работнички на само -1 бод, ова е уште позначајно ако се знае дека во недела на Арената играат токму Работнички и Шкендија.
Струга ТЛ со победата над Тиквеш во Кавадарци сега е на -5 во однос на лидерот.
Во секој случај „жешко“ е во битката за врвот, инаку еве како изгледа табелата по 12.коло во ПМФЛ:
ТАБЕЛА
Работнички 24, Шкендија 23, Силекс 21, Гостивар 21, Струга ТЛ 19, Шкупи 16, Брера 15, Пелистер 13, Беса 12, Воска 10, Тиквеш 8, Вардар 8…