По поразот од Магдебург во рамките на седмото коло во Лигата на шампиони, тренерот Андриха Николиќ поднесе оставка до членовите на управата на клубот и истата беше прифатена.
Покрај тренерот Николиќ, во стручниот штаб на ППД Загреб ќе го нема ниту Иван Чупиќ. Некогашниот вардарец ја напушта функцијата помошник тренер на првиот тим.
Од клубот соопштија дека наскоро ќе бидат познати деталите околу испразнетата тренерска позиција во таборот на хрватскиот тим.