Какво изненадување: Во Мадрид ќе го отпишат миленикот на Анчелоти

484

Французинот Аурелиен Чуамени би можел да го напушти Реал Мадрид следното лето. Раководството на клубот одлучи да го продаде 24-годишниот фудбалер и е отворен за понудите кои пристигнуваат.

На овој потег се одлучија бидејќи сметаат дека Чуамени го достигнал врвот на фудбалски план. Тие решија да инвестираат време во неговиот сонародник Едуардо Камавинга.

„Реал Мадрид ќе ги слуша понудите за Чуамени. Довербата во него е се послаба“, наведува Релево и додава:

“Клупското раководство го претпочита Камавинга пред Чуамени, иако Карло Анчелоти не се согласува со таквата одлука. На тренерот исто така му е јасно дека нивото на неговата игра е паднато, но…

Карло Анчелоти е единствениот кој стои на страната на Чуамени. Останатите се предомислија и веруваат дека најдобра опција е клубот да го продаде“.

Аурелиен Чуамени е миленик на Карло Анчелоти. Италијанецот го смета за незаменлив.

„Чуамени е фантастичен дефанзивен играч за врска. Тој е незаменлив. Неговата помош во одбраната е врвна“, изјави Карло Анчелоти.

Ливерпул во последните години се поврзува со трансфер за францускиот играч од средниот ред. Веројатно и овојпат „црвените“ ќе покажат интерес, а цената ќе биде околу 80 милиони евра.

Токму за оваа бројка францускиот фудбалер пристигна во Реал Мадрид од Монако во 2022 година. За само две години тој успеа да освои речиси се што можеше.

Чуамени во дресот на кралскиот клуб одигра 102 натпревари со три гола и пет асистенции.

ПретходноЦехте: Не играат во својата сала, тоа може да биде хендикеп за Фредериција
Следно„Ќе биде специјално чувство да излезам на терен против Пелистер“