Најтажната насловна страница на „Marca“: Нема спорт, само црнила и катаклизма!

99

Шпанија е спортска велесила, а нејзините жители се опседнати со спортот. „Марка“ кој е специјализиран спортски медиум чиј портал е најпосетуван, а печатеното издание е најпродавано,денес како и во цела Шпанија, во фокусот не е спортот.

Цела земја зборува и пишува само за катастрофалните поплави кои ја погодија Шпанија. Најмногу настрада Валенсија. Најмалку 95 лица загинаа, но бројот ќе биде многу поголем бидејќи десетици луѓе се уште се водат како исчезнати. Низ медиумите и социјалните мрежи се шират апокалиптични фотографии и снимки. Се гледа дека поплавите предизвикуваат хаос, влечат автомобили по улиците и ги принудуваат луѓето да се држат за дрвјата за да не бидат однесени од водата.

Затоа денес името на насловната страница на „Марк“ не е во традиционалното црвено, туку во црно со една од најшокантните слики од катаклизмата што ја погоди Шпанија. Освен насловот, единствениот натпис на корицата е „Само вие сте важни. Светот на спортот е со жртвите од разорните поплави“.

ПретходноСејдини ја загуби довербата во УО на ФФМ: Се оградуваме од соопштенијата, бараме итна седница на УО!
СледноЦехте: Не играат во својата сала, тоа може да биде хендикеп за Фредериција