Како што се наближува зимскиот преоден рок, така во медиумите во Турција како и во тамошната фудбалска јавност се зголемуваат шпекулациите за враќање на нашиот Дијамант во Истанбул. Имено и денеска порталот „Аспор“ пренесува дека Галатасарај и дефинитивно тргнува по Елиф Елмас. Иако тренерот Окан Бурук има супер тим, тој сепак сака да го засили офанзивниот среден ред на својот тим со Елиф Елмас и сака повторно да ги спои Осимен и Елмас, и двајцата играа во Наполи до пред една сезона, а и добро соаработуваа.
Раководството на Галата ќе се обиде да го донесе Македонецот како позајмен играч, е сега дали во тоа ќе успее, ќе се види допрва.
Порталот пренесува дека ако ова успее тогаш во Фенер и тоа како ќе бидат гневни, ако се знае дека Елмас од 2017 до 2019 играше за Фенербахче и од таму направи мега – трансфер во Наполи.
За крај се пренесува дека Фенер не крие дека и тој сака да го врати Елмас во јануари, но и тоа дека Галата била во предност во однос на сегашниот фудбалер на Лајпциг.