Иако дербито на колото во Серија А се одигра завчера, на кое Наполи среде “Сан Сиро“ го победи Милан со 0:2, сепак и натаму топ – тема во тамошната јавност, а посебно кај фановите на поразениот тим е моментот при првиот гол кога Лукаку успеа премногу лесно да се ослободи од Павловиќ да донесе водство за Наполи.
Некои сметаат дека тоа било фаул за Милан, но повеќето, како и фановите на тимот од Милано велат дека Србинот погрешил.
Па така во најголем дел од коментарите се вели:
„Единствено грешка е што тој го носи нашиот дрес“..
се разбира дека се мисли на Страхиња Павловиќ, дефанзивецот на Милан кој ова лето пристигна во Милано како големо засилување.
🤔 There was a lot of discussion about Lukaku's goal yesterday was it a foul or not? pic.twitter.com/w0hM9wmlIj
— Milan Posts (@MilanPosts) October 30, 2024