Одбојкарите на Штип УГД и Борец остварија и трета победа од стартот на сезоната во домашниот одбојкарски шампионат во машка конкуренција. Во рамките на 3. коло, освојувачот на Купот од минатата сезона, екипата на Штип УГД на домашен терен немаше поголеми проблеми во дуелот со Лирија, додека Горец го доби малото дербис о Универзитет во Тетово во четири сета со 3:1.
Прв пораз за новајлијата во лигата Скопје, кој беше поразен на гости кај Шкендија, додека локалното дерби меѓу Македонија Џио и Сушево им припадна на домашните по голема борба во пет сета.
Последниот меч од ова коло меѓу Вардар и Јанта Волеј ќе се одигра утре.
ПРВА ЛИГА – МАЖИ / 3. КОЛО
Штип УГД – Лирија 3:0 (25:17, 25:10, 25:13)
ГОК Борец – Универзитет во Тетово 3:1 (24:26, 26:24, 25:19, 25:22)
Шкендија – Скопје 3:0 (25:20, 25:13, 26:24)
Весна Пробиштип – Работнички 71&22 0:3 (13:25, 23:25, 18:25)
Македонија Џио – Сушево 3:2 (21:25, 25:21, 26:24, 23:25, 15:8)
ПЕТОК, 01.11.2024
21:00 Вардар 1947 – Јанта Волеј
Слободна: Струмица
ТАБЕЛА: 1. Штип УГД (9), 2. ГОК Борец (9), 3. Шкендија (6), 4. Работнички 71&22 (6), 5. Скопје (4), 64. Струмица (3), 7. Вардар (3), 8. Универзитет во Тетово (3), 9. Македонија Џио (3), 10. Сушево (1), 11. Лирија (0), 12. Весна Пробиштип (0), 13. Јанта Волеј (0).