Гвардиола на располагање нема цел тим!

160

Менаџерот на Тотенхем, Пеп Гвардиола, зборуваше пофално за својот тим и покрај поразот од Тотенхем во осминафиналето на Карабао-купот. Каталонскиот стручњак ги истакна многуте кадровски проблеми кои синоќа беа влошени со повредите на Савињо и Аканжи.

„Исклучителен натпревар. Младите момци направија одлично. Навистина сум задоволен. Совршено сум свесен колку добро одигравме“, изјави Гвардиола и додаде:

„Во вториот дел создадовме шанси на контранапад, кои не ги искористивме. Во фудбалот понекогаш има проблеми предизвикани од недостигот на одредени играчи. Повредите се нормални, но фудбалерите имаат граница“, продолжи Пеп.

Тој истакна дека на располагање има само 13 здрави играчи, нешто што се нема соочено во неговата кариера.

„Утре ќе дознаеме каква е ситуацијата со Савињо. Џек Грилиш и Кајл Вокер сигурно нема да бидат достапни за следните неколку натпревари. Холанд? Планот беше тој да не игра. На утрешниот тренинг ќе бидат Ерлинг и двајца голмани, нема други. Имаме 13 здрави играчи. Тешко е, никогаш не сум се соочил со вакво нешто во мојата кариера. Сепак, ова не прави пообединети“, изјави Гвардиола.

Манчестер Сити е лидер во Премиер-лигата со 23 бода и викендов ќе гостува кај Борнмаут.

На листата на повредени фудбалер се наоѓа Родри, за кого сезоната е завршена, тука Вокер и Де Брујне, Оскар Боб, како Доку и Грилиш.

ПретходноТен Хаг пред да си замине жестоко критикуваше фудбалер: Тој не може да биде професионалец!
СледноКалиниќ: Плаќаме милион евра за да не крадат судиите!