Дибала го одложи заминувањето на Јуриќ

97

Фудбалерите на Фиорентина ја совладаа екипата на Џенова со 0:1 на натпреварот од 10-тото коло до Серија А. Со оваа важна победа тимот од Фиренца се зацврсти на четвртото место на табелата под Наполи, Интер и Аталанта. Единствениот гол на натпреварот го постигна Робин Госенс во 72-та минута.

Во вториот натпревар од вечерашната програма Рома победи против Торино со 1:0. Избраниците на Јуриќ конечно победија по три натпревари без триумф. Стрелец на погодокот за „волчицата“ беше Пауло Дибала во 20-минута.

На третиот натпревар вечерва Лацио ја уништи екипата на Комо со 1:5. Резултатот го отвори Кастељанос во 28-та, а во 31-та минута Педро зголеми на 0:2. Во вториот дел Мацители со гол ја намали предноста на гостите, но Лацио набрзина одговори и со головите на Партик, Катељанос и Шауна го реши натпреварот.

ПретходноШест поени за Нено, втора победа за Олимпија Милано
СледноНов „пех“ за Сити: Се повредија и Аканџи, Савињо и Гвардиол