Иван Чупиќ си поднесе оставка во ППД Загреб

179

По поразот од Магдебург во рамките на седмото коло во Лигата на шампиони,  тренерот Андриха Николиќ поднесе оставка до членовите на управата на клубот и истата беше прифатена.

Покрај тренерот Николиќ, во стручниот штаб на ППД Загреб ќе го нема ниту Иван Чупиќ. Некогашниот вардарец ја напушта функцијата помошник тренер на првиот тим.

Од клубот соопштија дека наскоро ќе бидат познати деталите околу испразнетата тренерска позиција во таборот на хрватскиот тим.

ПретходноВо најава промени на врвот во ИХФ кои ќе го сменат и врвот во ЕХФ?
СледноФК Пелистер ги пушти во продажба билетите за дуелот со ФК Вардар