Клоп за Рамос: “Дали тој навистина е добар човек? Не го сфаќам тој менталитет, сум немал такви играчи!“

120

Јирген Клоп во подкастот на Тони Крос, покрај другото изнесе и свој став за Серхио Рамос. Познато е дека Рамос е легенда на Реал Мадрид и репрезентацијата на Шпанија, но зад неговото име како фудбалер се поврзуваат бројни контроверзи. Целта ги оправдува средствата – тоа е фудбалското мото на Рамос.

Сегашниот глобален шеф на Ред Бул а некогашен тренер на Мајнц, Дортмунд и Ливерпул се осврна на финалето во 2018 година во ЛШ меѓу Реал и Ливерпул, во кое Рамос го повреди Салах.

Клоп смета дека тогашниот стопер на Реал тоа го направил намерно:

Ако повторно го видите тој момент, а притоа да не сте фан на Реал, ќе видите дека тоа е безобразно и брутално. Ставете се што можете на едно место за Рамос како играч, ќе видите, а јас гледам фудбал од мојата петта година. Рамос во неколку наврати кажувал нешта кои мене не ми се доапаѓаат. Како човек не ми се доапаѓаат неговите реакции. Дали тој навистина е добар човек? Не го сфаќам тој менталитет, сум немал такви играчи, а да сум имал секако дека би се погрижил тие веднаш да си одат од мојот тим. Серхио е добар само како соиграч“ истакна Германецот.

ПретходноКоментар на 12. коло: Шампионот се враќа, лидерот само со бод, ќе биде лудо во битката за титулата!
СледноПрва радост за Фит Фан Волеј, триумф на гости во Струмица