Македонскиот првак конечно се покажа во вистинското светло во Лигата на шампиони, добрата игра во одбраната, но и нападот беше повеќе од доволна за прва победа на Пелистер во Лигата на шампиони. Од гостувањето кај Фредериција, битолчани се враќаат со триумф од 23-25.
Најзаслужен за овој момент е искусниот репрезентативен голман, Никола Митревски, кој зад своето име запиша 15 одбрани.
„Честитки до соиграчите до сите во клубот за победата. Во првото полувреме во нападот не бевме на нивото на кое посакувавме, но игравме добро во одбраната, бевме доста борбени, имавме добри моменти и транзиција. Во вториот дел продолживме да играме добро во дефанзивата и да го подигнеме нивото до самиот крај“, изјави Митревски по мечот.