Нов „пех“ за Сити: Се повредија и Аканџи, Савињо и Гвардиол

40

Серија „пехови“ го снајдоа Манчестер Сити пред и за време на натпреварот од Карабао купот против Тотенхем, кој се одигра синоќа во Лондон. На загревањето се повреди стоперот Мануел Аканџи, а во преостанатиот дел од мечот теренот го напушти на носилки крилниот напаѓач Савињо, а за препоните се фати Јошко Гвардиол кој влезе на полувремето.

„Не знам точно што не е во ред со Гвардиол. Сите правеа масажа, така што не ги знам деталите“, рече менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.

Претходно се повреди и официјално најдобриот светски фудбалер Родри, кому му заврши сезоната бидејќи ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото.

ПретходноДибала го одложи заминувањето на Јуриќ