Реал (М) донираше 1 милион евра за настраданите во поплавите во Шпанија

128

Европскиот шампион Реал Мадрид донираше сума од 1 милион евра за настраданите од поплавите во Шпанија.

Во провинцијата Валенсија во југоисточна Шпанија, обилните дождови и бурата Дана предизвикаа големи поплави. Според последните податоци загинале најмалку 95 лица. Некои области на Валенсија беа отсечени поради поплавени патишта, имаше прекини во струјата и комуникациите, а уништени се и мостови.

Шпанска фудбалска федерација објави одложување на 5 натпревари во Ла Лига и Сегунда, вклучувајќи го и натпреварот меѓу Валенсија и Реал Мадрид, кој требаше да се одигра на „Местаља“ на 2 ноември.

Претходно„За нас, за Битола, за нашата Македонија“
СледноМитревски е скромен, не си препиша „кредити“ за победата: Бевме борбени во одбраната!