Сејдини ја загуби довербата во УО на ФФМ: Се оградуваме од соопштенијата, бараме итна седница на УО!

9476

Десет од вкупно 16 членови на УО на ФФМ му откажаа послушност на претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини откако во текот на денешниот ден се огласија со барање до службите на ФФМ за закажување на итна седница на УО на ФФМ. Ова тело на федерацијата подолго време нема одржано состаноци, а првиот човек на федерацијата преку комитетот за итност ги решава проблематиките во „куќата на фудбалот“. Чашата е прелиена по серијата соопштенија на сајтот на ФФМ преку кои се објавуваа пораки кон државните институции, а без притоа да се информира раководството на федерацијата и да се свика УО на ФФМ околу заеднички став и координација.

Муамед Сејдини без да го информира УО на ФФМ замина во Нион, а потоа објави сооштение преку кои се наведе дека УЕФА го осудува мешањето на политиката во федерацијата без притоа да се образложат факти и докази дека такво нешто постои во Македонија и ФФМ.

Итна седница на УО на ФФМ треба да свика Муамед Сејдини за да се соочи со останатите членови од УО кои се разочарани од последните потези на првиот човек на федерацијата за чие што самоволие и со оставка од пред неколку недели се јави и спортскиот директор Дени Масев.

Во продолжение на текстот и одлуката и барањето на членовите од УО до службите на ФФМ со нивни потписи за свикување на итна седница на ова тело на федерацијата.

ПретходноФК Пелистер ги пушти во продажба билетите за дуелот со ФК Вардар
СледноНајтажната насловна страница на „Marca“: Нема спорт, само црнила и катаклизма!