Судии за ПМФЛ: “Дербито на Македонија“ за Качевски!

304

Во недела се играат мечевите од 13.коло во ПМФЛ. Се разбира дека во преден план е дуелот меѓу Пелистер и Вардар, “Дербито на Македонија“ кое за првпат во Битола ќе се игра под светлоста на рефлекторите.

Се спрема спектакл, а на центарот ќе биде Јован Качевски од Струга. Тој ќе ја дели правдата на “вечното дерби“.

А Арената играат првиот и вториот на табелата, Работнички и Шкендија, тука главен судија ќе биде Димитар Пилешков од Штип.

Во продолжение можете да ги видите двојките и судиите за неделното 13.коло во ПМФЛ.

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 13.КОЛО – НЕДЕЛА (13 Ч)

Охрид: Воска – Тиквеш (Крумислав Ѓорѓиев – Штип)

Скопје: Шкупи – Гостивар (Александар Грујоски – Кичево)

Битола: Пелистер – Вардар (Јован Качевски – Струга) 19 ч

Струмица: Брера – Силекс (Александар Ставрев – Скопје)

Скопје: Работнички – Шкендија (Димитар Пилешков – Штип)

Гостивар: Беса – Струга ТЛ (Игор Иванов – Велес)

ПретходноФермин во Барса со 2029 година
СледноЅверска партија на Никола Митревски, Пелистер со прва победа во Лигата на шампиони!