Брони Џејмс повторно доби шанса да се најде во составот на ЛА Лејкерс од стартот на сезоната. Откако заедно со неговиот татко, Леброн испишаа историја и заедно заиграа, сега младиот кошаркар го направи најважниот чекор.
Џејмс Јуниор ги запиша првите поени во НБА-лигата, за жал истите беа впишани во поразот на Лејкерс од Кливленд на гости од 134-110.
Брони доби овации од публиката во Клиленд, тој влезе во последните пет минути од мечот.
Bronny checks in on his hometown floor 🙌
(via @NBA)
— Yahoo Sports (@YahooSports) October 31, 2024
За Лејкерс ова беше втор пораз оваа сезона, додека на другата страба Кливленд продолжува со перфекцијата од пет победи во исто толку одиграни мечеви. Кавси се лидери на Истокот.
Леброн Џејмс мечот го заврши со 26 поени и 6 скока, зад него беше Ентони Дејвис со 22 поени и 13 скока. Кај победникот, Мобли имаше 25 поени, еден помалку запиша Митчел.
Резултати: Шарлот – Торонто 138-133, Кливленд – ЛА Лејкерс 134-110, Индијана – Бостон 135-132 (прод.), Филаделфија – Детроит 95-105, Вашингтон – Атланта 133-120, Мајами – Њујорк 107-116, Чикаго – Орландо 102-99, Мемфис – Бруклин 106-119, Оклахома – Сан Антонио 105-93, Голден Стејт – Њу Орлеанс 104-89, ЛА Клиперс – Портланд 105-106.