ФК Пелистер ги пушти во продажба билетите за дуелот со ФК Вардар

581
Фото: ФК Пелистер/Принтскрин

Во рамките на 13-то коло во Првата фудбалска лига ќе се одигра дерби дуелот меѓу Пелистер и Вардар. Веќе е познато дека овој натпревар ќе се игра под рефлектори на стадионот „Петар Милошевски“. Мечот е закажан во недела со почеток во 19 часот.

Од таборот на битолчани денеска ги известија сите љубители на клубот дека билетите веќе се пуштени во продажба и истите ќе се продаваат по цена од 150 денари.

На трибините се очекува да бидат и фановите на Вардар 1961, но за тоа се чека потврда.

ПретходноИван Чупиќ си поднесе оставка во ППД Загреб
СледноСејдини ја загуби довербата во УО на ФФМ: Се оградуваме од соопштенијата, бараме итна седница на УО!