Брера вчера на Арената во Скопје успеа да го победи Вардар со 0:1, а тренерот на гостите, Горазд Михаилов и се израдува на победата како да освоил Лига Шампиони. Таков гест и таква радост реално е реткост во нашата ПМФЛ, посебно ако се знае дека Михаилов до пред два месеци беше тренер на нашиот најтрофеен клуб.
Секако дека секој има право да се радува на својот успех, но оваа радост доаѓа и по “велешки“ рецепт или “ВЕЛЕШКА“ пастрмајлија што би се рекло. Ако се знае дека судијата на овој меч, Игор Иванов, е од Велес и во 47.минута при резултат 0:1 за Брера, мораше и требаше да покаже пенал за Вардар.