Шест поени за Нено, втора победа за Олимпија Милано

106

Шест поени на Ненад Димитријевиќ во исклучително важната победа на Олимпија Милано во рамките на 7. коло во Евролигата. По четири врзани порази, тимот на нашиот репрезентативец го доби италијанското дерби против Виртус Болоња со 99:90 и ја запиша втората победа во тековната евро-сезона.

Димитријевиќ доби повеќе од 20 минути на паркетот во кој успеа да постигне 6 поени, но со дури 9 асистенции и два скока. Олимпија Милано вечерва беше предводена од Никола Миротиќ кој средбата ја заврши со 19 постигнати поени.

Олимпијакос вечерва беше подобар од Барселона на домашен терен со 95:74, додека Макаби ТА успеа да извојува голема победа над Реал (М) со 79:78. Анадолу Ефес, пак, славеше како гостин во Берлин против Алба со 86:70.

ПретходноБаерн се премисли за Нојер и ги стопираше преговорите за нов договор
СледноДибала го одложи заминувањето на Јуриќ