Ѕверска партија на Никола Митревски, Пелистер со прва победа во Лигата на шампиони!

595

Пелистер конечно дојде до првиот триумф во Лигата на шампиони. Македонскиот првак на гостувањето кај Фредериција славеше со 23-25 во рамките на седмото коло во ова натпреварување. Ова беше пресметка на двата тима од долниот дел од табелата, сега последното место му припаѓа на данскиот тим, кој има два бода, еден помалку од македонскиот првак.

Со голема дисциплина пред се во нападот, одлична одбрана и најважно на крилата на неверојатниот Никола Митревски, битолчани дојдоа до првата победа. Митревски мечот го заврши со 15 интервенции, од кои две од седум метри. Кузмановски имаше пет гола од 11 обиди, додека Пешевски беше стрелец на четири гола исто колку и Хосни.

Добро прво полувреме за македонскиот првак, благодарение на Никола Митревски и неговите 9 одбрани во овој дел, две од седум метри, домашниот тим не успеа да земе залет. Фредериција мечот го отвори со 3-1, нешто подоцна Пелистер со двата гола на Пешевски и еден на Тајник израмни ан 4-4. Во 21-та минута данскиот состав успеа да поведе со 8-5, но следеше брз одговор на битолчани за 8-8, во овој кам-бек свој удел имаше и Митревски. Противникот успеа да искористи нереализирани напади на Пелистер и исклучувањето на Атанасијевиќ и на одморот замина со предност од три гола (12-9).

Пелистер со серија од 5-1 го отвори второто полувреме. Кузмановски украде две топки за 12-11 по само една минута игра. Мохамед Шебиб доби шанса и веднаш се запиша во листата на стрелци за 13-12, a по новата тхеничка грешка на противникот, Атанасијевиќ со два гола му донесе водство на својот тим од 13-14 во 35-та. Данскиот тим со два брзи гола врати за 15-13.

Митревски запиша три нови одбрани, а Пелистер влезе во ритам и во 42-та минута за првпат поведе со плус три (15-18). Оваа позитива македонскиот тим ја имаше и на средината на второто полувреме (16-19). На другата страна домаќинот искористи еден од два напади за 17-19. Павле Атанасијевиќ постигна гол, а потоа изнуди фаул во напад, ова го круниса Хосни за 17-21 во 51-та минута.

Фредериција намали на 19-21, на голема среќа не искористи напад да дојде на минус еден. Кузмановски постигна важен гол за 19-22. Данскиот тим сепак успеа да приреди драма, на четири минути до крајот доближи на 21-22. Домаќинот остана со играч помалку, Пешевски врати за 21-23, а по новата одбрана на Митревски, Цехте го најави триумфот (21-24). За противникот немаше повеќе време, Хосни стави печат на дуелот за 22-25.

Следува пауза во Лигата на шампиони поради ЕХФ-неделата, а овие два тима повторно ќе се сретнат на 21. ноември.

ПретходноСудии за ПМФЛ: “Дербито на Македонија“ за Качевски!
Следно„За нас, за Битола, за нашата Македонија“