Скопскиот состав Фит Фан Волеј направи изненадување славејќи во Струмица против актуелниот вицепрвак во најинтересниот меч од 3. коло во домашното одбојкарско првенство во женска конкуренција. Фит Фан Волеј одигра одличен меч ис о максимален резултат ја оствари првата победа сезонава.
Во рамките на преостанатите три меча, фаворитите беа безмилосни. максималниот скор победи го задржаа шампионките Работнички, но и екипите на Наковски Волеј и Јанта Волеј.
ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / 3. КОЛО
Струмица – Фит Фан Волеј 0:3 (23:25, 16:25, 17:25)
Работнички – Младост УГД 3:0 (25:21, 25:16, 25:16)
Наковски Волеј – Ускана 3:0 (25:14, 25:15, 25:13)
Јанта Волеј – Вардар ЕМ 3:0 (25:20, 25:14, 25:22)
TАБЕЛА: 1. Работнички (9), 2. Наковски Волеј (9), 3. Јанта волеј (9), 4. Струмица (3), 5. Фит Фан Волеј (3), 6. Вардар ЕМ (2), 7. Ускана Волеј (1), 8. Младост УГД (0).