Во недела се играат мечевите од 13.коло во ПМФЛ. Се разбира дека во преден план е дуелот меѓу Пелистер и Вардар, “Дербито на Македонија“ кое за првпат во Битола ќе се игра под светлоста на рефлекторите.
Се спрема спектакл, а на центарот ќе биде Јован Качевски од Струга. Тој ќе ја дели правдата на “вечното дерби“.
А Арената играат првиот и вториот на табелата, Работнички и Шкендија, тука главен судија ќе биде Димитар Пилешков од Штип.
Во продолжение можете да ги видите двојките и судиите за неделното 13.коло во ПМФЛ.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 13.КОЛО – НЕДЕЛА (13 Ч)
Охрид: Воска – Тиквеш (Крумислав Ѓорѓиев – Штип)
Скопје: Шкупи – Гостивар (Александар Грујоски – Кичево)
Битола: Пелистер – Вардар (Јован Качевски – Струга) 19 ч
Струмица: Брера – Силекс (Александар Ставрев – Скопје)
Скопје: Работнички – Шкендија (Димитар Пилешков – Штип)
Гостивар: Беса – Струга ТЛ (Игор Иванов – Велес)