Во пресрет на најголемото фудбалски дерби на Македонија, Пелистер – Вардар во Битола веќе десетина дена се на готовс што се вели. Се подготвува спектакл под рефлектори, ноќен меч, на кој гости ќе бидат и Комитите, навивачката група на Вардар.
Предмалку организаторот објави информација дека Комити ќе бидат сместени на старата трибина на стадионот „Петар Милошевски“, во еден дел, а со секако обезбедената тампон зона, истата Скопјани ќе ја делат со ни помалку ни повеќе туку децата од младинската школа на Пелистер.
Секако, организацијата, и обезбедувањето ќе биде на највисоко можно ниво, па мечот посакуваме дека ќе мине во најдобар можен ред.