Трагедија: Некогашен фудбалер на Валенсија загинал во поплавите!

134

Ужасни и страшни вести доаѓаат од Шпанија, поточно од Валенсија каде овој град и регион е зафатен од катастрофални поплави. Бројот на жртвите се искачи на 205, а меѓу нив е и некогашен фудбалер на Валенсија.

Станува збор за Хозе Кастиљо (28) кој бил член на академијата на Валенсија, но никогаш не заиграл за првиот тим на еден официјален меч. Играл за неколку нисколигаши во Шпанија.

Сепак во манир на голем клуб, Валенсија на своите социјални мрежи со пригодни зборови се прости од својот некогашен фудбалер.

ПретходноОфицијално: Рубен Аморим е нов менаџер на Манчестер Јунајтед!
СледноРикелме и Гаго го носат Рамос во Бока Јуниорс