Еден гол постигнат од страна на Гуриди, во 76. минута од мечот беше доволен тимот на Алавес да обезбеди победа над Мајорка на домашен терен на отворањето на новото коло во Шпанската Примера.
Двата тима одиграа тврд натпревар кој како што рековме го одлучи еден погодок. Сепак, домаќинот имаше нешто повеќе од играта, упати тринаесет удари кон противничкиот гол, наспроти седумте на Мајорка.
Со оваа победа Алавес избега од долниот дел на табелата и собра вкупно 13 бодови, додека пак Мајорка засега е седма со 18.