Атлетик (Б) со нов договор и нова клаузула за Нико Вилијамс

348

Раководството на Атлетик Билабо ќе започне итни преговори со ѕвездата на тимот, Нико Вилијамс за продолжување на соработката. Шпанскиот репрезентативец стана една од трансфер сагите ова лето, но на крајот остана во баскискиот клуб.

За него имаше многу сериозен интерес од Барселона, но договорот никогаш не се оствари. Се очекува следната летна трансфер пауза, Барселона да ја искористи за нова офанзива за Вилијамс, па токму поради оваа причина Билбао ќе се обиде да му понуди нов договор на својот играч со значително зголемена откупна клаузула.

Во моментов клаузулата за заминување е во износ од 60 милиони евра.

ПретходноУште не седнат на менаџерското место, Аморим прецртал четири имиња
СледноЛука со нов „трик-шут“ погоди од другата страна на кошот (ВИДЕО)