Битола се загрева пред неделниот спектакл: Митревски, Костовски, Најдовски… повикуваат да се навива за Пелистер! (ВИДЕО)

986

Во недела од 19 часот ново “Дерби на Македонија“, но сега во Битола во вечерен термин за првпат во историјата под рефлектори кога станува збор за овој наш град.

Пелистер го дочекува Вардар, ќе се игра “вечното дерби“, најголемото во Македонија. “Чкембари“ против “Комити“.

Битола се загрева, билетите се пуштени во продажба а повеќе познати спортски фаци од семејството на Пелистер, како и луѓе од градот, во едно специјално видео, го повикуваат фановите на дојдат на трибините на стадионот “Петар Милошевски“ на овој историски натпревар и секаком, да навиваат за Пелистер.

Погледнете и слушнете што порачуваат Никола Митревски, Александар Костовски, Дарко Најдовски и другите…

ПретходноИванишевиќ си најде нова работа!
СледноМЗТ Скопје е парично казнет со 30.000 денари!