„Бродолом“ на Звезда против Панатинаикос

184

Иако имаше водство на домашен терен во еден момент и од 14 поени, сепак, тимот на Црвена Звезда не успеа да обесбеди победа против Панатинаикос, напротив, на крајот и загуби со конечни 77:81, во најновото коло од Евролигата.

Домаќинот ја имаше поддршката од преполната сала, но овојпат тоа не беше доволно за да се обезбедат нови бодови.

Гостите одиграа пред се одлично второ полувреме, кое го добија сосема заслужено. Клучни моменти беа секако оние последните во кои Грчкиот состав погоди и од поле и од „пенал“ линијата, а клучниот удар за победа на Црвена Звезда на 5,5 секунди до крајот го промаши Милош Теодосиќ.

Канан со 20 поени беше најјефикасен на мечот, додека кај победничкиот тим Браун застана на 13 коша.

 

ПретходноРафа Леао сака да го напушти Милан, Барса е на готовс!
СледноБаер и Штутгарт го отворија колото со „нула“