Со натпреварот меѓу Чаир и МЗТ Скопје А., вечерва (18 часот) стартува 5. коло од домашниот кошаркарски шампионат. Дуелот кој ќе се игра во салата „Шабан Трстена“ (пренос на МРТ3) ќе го одбележи петтото првенствено коло од Првата „Мтел“ лига.
За бранителот на шампионската титула ова ќе биде голем предизвик, уште поголем, ако се земе в предвид дека „сино-белите“ зад себе имаат неуспешни игри во АБА 2 лигата, а веќе имаат еден минус и во домашниот шампионат по четири одиграни кола.
Од друга страна чаирчани имаа успешен почеток на сезоната, серија од три победи, која беше прекината на гостински терен, со пораз од Работнички. Доволно за идентичен ефект на двете екипи со кој влегуваат во овој дерби дуел.