Македонија го освои 4. место во 3Х3 на Светската гимназијада во Бахреин

106

Далечниот Бахреин беше во средиштето на средношколскиот спорт во изминатите десетина дена. Се одржуваше Светската гимназијада за средни училишта, во која свое место си најдоа и нашите 3Х3 селекции во машка одноосно во женска конкуренција.

Нашата репрезентативна тројка, Сергеј Младеновки, Бојан Димитриев и Стефан Стојковиќ стигна до самата завршница на натпреварите во баскет 3Х3. Во конкуренција на 37. репрезентации од целиот средношколски свет, нашиот машки баскет тим, предводен од професорот и ментор, Вјенцислав Рангелов, го освои одличното четвртто место.

Добри игри на овој грандиозен собир на средношколците од целиот свет, прикажа и нашата женска 3Х3 селекција во состав: Мила Илијевска, Невена Стефановска, Антонија Тодоровска и Нена Георгиевска, предводена од тренерот Ведран Белешковски.

ПретходноЛука со нов „трик-шут“ погоди од другата страна на кошот (ВИДЕО)
СледноОфицијално: Рубен Аморим е нов менаџер на Манчестер Јунајтед!