Миовски сега почесто ќе биде стартер во Џирона!

2652

Бојан Миовски пред два дена конечно покажа зошто Џирона даде речиси 10 милиони евра за него. Македонецот кој летово направи трансфер од Абердин во Ла Лига, на куп мечот со Екстамадура во победата од 0:4 учествуваше со два убави гола. Доволен знак дека тренерот Мичел сега може и тоа како да го користи Бојан во нападот почесто, а и почесто да биде стартер во настапите како во Ла Лига така во Лигата на Шампионите. Посебно ако се знае дека офанзивецот Данџума е повреден и ќе биде во аут најмалку осум недели.

Миовски долго се адаптираше во Џирона, не дека не добиваше шанса и минутажа од Мичел, сепак тој е навикнат да игра во континуитет. И кога играше имаше свои шанси, во ЛШ промаши и пенал. Недостигаа голови за враќање на таа голгетерска самодоверба кај него, и сега откако тие дојдоа јасно е дека допрва сите во Џирона како и фановите на овој тим ќе можат да се радуваат на головите на Македонецот.

Кога сме кај Џирона да кажеме дека утре овој тим во Ла Лига игра дома со Легањес во меч од 12.коло а во вторник во рамките на 4.коло во Лигата на Шампионите, Џирона ќе му гостува на ПСВ Ајндховен.

ПретходноРикелме и Гаго го носат Рамос во Бока Јуниорс
СледноСекоја чест: Заработува 100 милиони евра по сезона, а на пауза го чисти теренот! (ВИДЕО)