Рикелме и Гаго го носат Рамос во Бока Јуниорс

49

Легендата на Реал Мадрид, Серхио Рамос, кој е слободен играч по завршувањето на договорот со Севиља, би можел да премине во аргентинска Бока Јуниорс.

Според „Релево“, Шпанецот е во преговори со претседателот на клубот Хуан Рикелме и тренерот Фернандо Гаго, кој му е добро познат од нивната заедничка кариера во Реал.

Бока е подготвена да му плаќа на Рамос околу 5 милиони евра годишно. Ќе потсетиме, во Севиља Шпанецот заработуваше околу 11 милиони по сезона.

Рамос минатото лето ја напушти Севиља по одиграни 37 натпревари.

ПретходноТрагедија: Некогашен фудбалер на Валенсија загинал во поплавите!
СледноМиовски сега почесто ќе биде стартер во Џирона!