Со осум голови разчика, поточно со конечни 38-30, тимот на Тиквеш вечерва на домашен терен беше подобар од екипата на Струга и на тој начин во 10. коло од домашниот ракометен шампионат, ја забележа четвртата победа.
По стартниот мини блесок на гостите, Тиквеш создаде предност од 8:4 по што го одреди понатамошниот развој на настаните. Резултатот на полувреме гласеше 20:15, а на стартот на вториот дел, гостите повторно со мини обид да сторат нешто повеќе. Сепак, истиот остана само на обид и ништо повеќе, а Тиквеш рутински го приведе мечот до крај.
Јован Даневски и Дарио Кофиловски од Тиквеш постигнаа по седум голови, а кај гостите еден помалку постигна Ненад Костоски.