Уште не седнат на менаџерското место, Аморим прецртал четири имиња

310

Манчестер Јунајтед се приближува кон назначувањето на Рубен Аморим за нов менаџер на тимот, а според некои информации, тој со своите најблиски соработници веќе почнале да прават анализа на тимот кој ќе го наследат. Португалецот ќе биде последниот менаџер кој ќе се обиде да ја сврти среќата на „Олд Трафорд“ и конечно да го поведе тимот кон успесите од славните денови на Сер Алекс Фергусон.

Се зборува дека четворица играчи од актуелниот состав на Манчестер Ј. „не го интересираат“ Аморим, и тој веќе ги прецртал на својот список, па доколку биде назначен за кормилар во текот на овој месец, овие четворица во јануари одат на продажба.

Станува збор за Кристијан Ериксен и Виктор Линделоф чии договори истекуваат следното лето, а во јануари ќе бидат понудени на продажба и Касемиро и Антони. Аморим ќе инситира кај газдите на Јунајтед во јануари да обезбедат најмалку две засилувања.

ПретходноАња Алтхаус со нов предизвик – ќе биде тим менаџер на германската женска репрезентација!
СледноАтлетик (Б) со нов договор и нова клаузула за Нико Вилијамс