Феникс повторно подобар од Клиперс, Милвоки нанижа четири порази (ВИДЕО)

53

Кошаркарите на Феникс славеа во дербито со Лос Анџелес Клиперс со 125:119 и ја постигнаа третата последователна победа во НБА лигата.  Санс ги предводеше Девин Букер со 40 поени, осум скока, пет асистенции и три украдени топки.

Феникс постигна 73 поени во вториот дел и по вторпат во осум дена ги победи Клиперси. Во тимот од Лос Анџелес Џејмс Харден оствари трипл-дабл учинок од 25 поени, 13 асистенции и 10 скока.

Кошаркарите на Сан Антонио ја победија Јута со 108:88 и ја прекинаа серијата од два порази. Виктор Вембањама го предводеше тимот до победата со 22 поени, девет скока, седум асистенции, пет украдени топки и пет блокади, а вторпат во кариерата имаше најмалку пет поени во пет категории. Крис Пол додаде 19 поени, 10 асистенции и седум скока, а Келдон Џонсон 13 поени за победничката екипа.

Хјустон го победи Далас со 108:102 и ја остварија втората последователна победа. Во тимот на Хјустон најефикасен беше Џејлен Грин со 23 поени со 12 скока и четири асистенции, додека во тимот на Далас, Лука Дончиќ постигна 29 поени, од кои 15 во последната четвртина.

Нов порази и за Милвоки, кој загуби кај Мемфис со 122:99. Тоа беше четвртиот последователен пораз за Бакс. Џа Морант ги предводеше Гризлис со трипл-дабл учинок од 26 поени, 14 асистенции и 10 скока. Адетокунбо со 37 поени со 11 скока и четири асистенции беше најефикасен кај гостите.

ПретходноПерез има план: Чаби Алонсо ќе биде нов тренер, Анчелоти ќе стане амбасадор на Реал
СледноИграч на Фенербахче го „собра“ Мурињо на тренинг, лекарите го изнесоа од теренот (ВИДЕО)