Адеми изнуди пенал во новиот триумф на Динамо

118

Тимот на Динамо Загреб на чело со нашите Аријан Адеми и Стефан Ристовски предмалку на гостувањето кај Шибеник извојува убедлива и заслужена победа од 0:4. Во меч во кој „Модрите“ тотално доминираа Аријан Адеми изнуди пенал со кој гостите дојдоа до водство од 0:2 во тој момент и најавија висок триумф уште во првиот дел.

Стефан Ристовски пак од друга страна стандардно добар по таа своја десна страна, на која што со години е незаменлив во дресот на Динамо.

Од друга страна пак, за домаќинот Шибеник, настапи сега веќе екс репрезентативецот на Македонија, Леонард Жута.

 

ПретходноПСЖ со тешки милиони тргнува по Винисиус, а тој преговара со Ал Хилал!
СледноАлкалоид без проблеми и против Куманово