Со конечни 40:25 и секако триумф, тимот на Алкалоид предмалку го отвори 10. коло во домашниот ракометен шампионат, победувајќи го во моментов нерамноправниот тим на Куманово на свој терен.
Со брза и допадлива игра, Алкалоид полека ја градеше својата предност, која бргу стана двоцифрена за да на полувреме се замине со високи 23:11.
Ниту во вториот дел сликата на терен не беше поинаква, и енигма остана само конечниот резултат.
Најефикасен на натпреварот беше Петковски со девет постигнати гола, Оливеира додаде осум, а исто толку за Куманово постигна Симовски.
По десет одиграни натпревари Алкалоид е единствениот тим во македонското првенство со максимален учинок.