Перез има план: Чаби Алонсо ќе биде нов тренер, Анчелоти ќе стане амбасадор на Реал

282

Се поголема е веројатноста Чаби Алонсо да го замени Карло Анчелоти следното лето на клупата на Реал Мадрид, откако минатата сезона ги докажа своите тренерски квалитети со Баер Леверкузен.

Шпанскиот менаџер им го привлече вниманието на раководните лица на Реал Мадрид како идеален кандидат за преземање на менаџерското место. Интересот на Реал за Алонсо доаѓа во време на немирниот почеток на новаста сезона во Ла Лига, што го зголеми и притисокот врз позицијата на Анчелоти – особено по поразот од Барселона со 4-0.

Леверкузен исто така го очекува заминувањето на Алонсо на крајот на сезоната, особено откако тој претходно ги одби понудите од врвни европски клубови како Ливерпул и Баерн Минхен. „Релево“ пишува дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, се очекува да му понуди на Анчелоти алтернативна улога во клубот, откако тој ќе биде ослободен од неговите должности како тренер. Иако деталите се сè уште неизвесни, амбасадорската или високата советничка позиција би можела да биде картата за 65-годишниот Италијанец.

ПретходноНов „пех“ за Сити: Се повредија и Аканџи, Савињо и Гвардиол
СледноФеникс повторно подобар од Клиперс, Милвоки нанижа четири порази (ВИДЕО)