Владини службеници од С. Арабија биле на состанок со Винисиус во Мадрид

237

Претставници на владата на Саудиска Арабија пристигнаа во Мадрид со цел да разговараат со 24-годишниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор. Веста ја објави извор на „Футмеркато“.

Според изворот, Саудијците сакаат бразилскиот фудбалер да се пресели во Ал-Хилал. Тие сакаат да му претстават на Винисиус амбициозен спортски проект.

Нагласено е дека Саудијците веќе му понудиле на напаѓачот договор на четири сезони, со годишна плата каква што досега не добил ниту еден фудбалер на светот.

Актуелниот договор на играчот со Реал е до 30 јуни 2027 година со плата од 20 милиони евра годишно.

ПретходноМиовски изнуди пенал и го повреди скочниот зглоб, неизвесен за репрезентативниот собир?
СледноПоради дожд откажани Ф1 квалификациите во Интерлагос