ВМФЛ: “Лавовите“ ја декласираа Брегалница, Охрид се спаси од пораз во 90+6.минута, Победа броеше до шест…

319

Попладнево се одиграа сите осум средби од 11.коло во ВМФЛ. Во дербито, кое се играше во Ѓорче, Македонија ЃП просто ја декласира Брегалница со 3:0 и одново по пауза од едно коло го запоседна врвот на табелата.

Размоски, Стопилов и Софијаноски беа стрелците за “лавовите“ кои денеска покажаа дека и тоа како имаат квалитет за експресно враќање во елитата.

Охрид – Скопје 1:1, со што е запрена победничката серија на охриѓани. Треба да се каже дека тие со гол во 90+6.минута се спасија и од пораз. Ова е голем бод за нив ако се знае дека “пиратите“ имаа водство од 31.минута.

Победа му нанесе вистинска катастрофа на Вардарски, мечот заврши со 6:2 за домашниот состав од Прилеп.

Арсими со 2:1 славеше против Детонит, а Вардар (Н) како гостин го победи Борец со 1:2.

РЕЗУЛТАТИ -11.КОЛО

Арсими – Детонит 2:1

Башкими – Осогово 5:1

Беласица – Кожув 0:0

Борец – Вардар (Н) 1:2

Македонија ЃП – Брегалница 3:0

Новаци – Саса 0:1

Охрид – Скопје 1:1

Победа – Вардарски 6:2

ТАБЕЛА

Македонија ЃП 26, Башкими 26, Брегалница 24, Арсими 23, Охрид 20…

ПретходноНасмевки кај шампионот во пресрет на утрешниот дуел со Беса! (ФОТО)
СледноЊукасл го “реши“ Арсенал, четата на Артета не покажа ништо!