Конечните 2:2 на последниот дуел од денешната програма во Премиер лигата, помеѓу екипите на Вулверхемптон и Кристал Палас, можеа многу лесно да бидат поинакви ако поради прекршок не беше поништен победничкиот гол на гостите во последните секудни од мечот. Матета поради прекршок не му донесе три бода на Палас во меч кој изобилуваше со темпо, акции, шанси, погодици и секако многу возбуда.
Истата кулминираше во последните половина час кога всушност и се постигнаа сите четири погодоци. Гостите преку Шалоба стигнаа до 0:1, за да Ларсен и Гомес до 72. веќе му донесат пресврт на домаќинот.
Сепак, само пет минути подоцна Гуехи израмнува на 2:2, за да како што веќе рековме Палас во последните секунди постигне и трет гол кој беше поништен.
Со ова, Вулверхемптон остана закован на последната позиција на табелата со само три освоени сега веќе бодови, додека пак Палас собра нешто повеќе, седум, но и него го чека сериозна битка за опстанок до крајот.