Интересна вест од градот под Везув. Наполи со Конте и Лукаку газат се пред себе во Серија А, фановите бараат нова титула, а се раскажува потегот на Зоолошката градина во овој град, која е во близина на стадионот “Диего Армандо Марадона“.
Имено новиот член во семејствот јагуари доби име по Лукаку, па така сега се вика Ромелу.
“Сите ние сме големи фанови на фудбалот и пред се на Наполи. Ова го правиме во чест на клубот’“ изјавија од Зоолошката градина во Неапол.
“Добредојде Ромелу“ стои на социјалните мрежи со фото од јагуарот.