Миовски изнуди пенал и го повреди скочниот зглоб, неизвесен за репрезентативниот собир?

390

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски денеска беше стартер за својата Џирона во победата од 4:3 над Леганес во Ла Лига, но на теренот остана до 62. минута, кога при резултат 2:2 врз него беше направен прекршок во противничкиот шеснаесетник и беше досуден пенал за домашните.

Миовски веднаш ја напушти играта, откако се пожали на повреда. Според информациите кои стигнаа вечерва, нашиот напаѓач се здобил со истегнување на скочниот зглоб и засега е неизвесно за колку сериозна повреда станува збор. Според шпанските медиуми тој ќе оди на дополнителни прегледи за да се дознае степенот на повредата.

ПретходноПоловина час за Елмас во поразот кај Дортмунд
СледноВладини службеници од С. Арабија биле на состанок со Винисиус во Мадрид