Млад српски фудбалер го загуби животот во трагедијата во Нови Сад

219

Младиот фудалер Милош и неговата девојка Анѓела се жртви на страшната трагедија која вчера се случи на железничката станица во Нови Сад и го потресе целиот регион. Според информациите 14 лица загинаа, додека 30 се повредни.

Меѓу нив е младиот фудбалер Милош Милосављев кој е роден 2003 година и неговата девојка Анѓела Руман родена 2004 година.

„Со голема тага и неопислива болка ја известуваме јавноста дека нашиот соиграч, пријател и брат Милош Милосављевиќ Киви (роден 2003 година) и неговата девојка Анѓела Руман (родена 2004 година) ги загубија животите во страшна несреќа во Нови Сад. Почивајте во мир ангели, никогаш нема да бидете заборавени“, напишаа од клубот.

ПретходноТен Хаг со емотивно писмо се збогува со фановите на Јунајтед
СледноПерез почнува да го губи трпението со Анчелоти!