Пелистер им се врати на победите, но добро се измачи со Кожув! Втора радост за Куманово!

55

Пелистер им се врати на победите, но против Кожув мина потешко од очекувања. Македонскиот вицепрвак на домашен терен славеше со 92-87 во меч од петтото коло во Првата лига. За битолчани ова беше четврти триумф, имаат еден пораз. На другата страна пак гевгеличани го запишаа третиот пораз, имаат две победи.

Иако по 70-59 на стартот на последната четвртина се чинеше дека Пелистер лесно ќе дојде до бодовите, гевгеличани сериозно се заканија, дури на момент и поведоа. Со тројката на Стевановиќ, Кожув поведе со 77-79. По тајм-аутот на Петровиќ, Стојановски и Антоан вратија за 85-79, но нивниот тим не беше комотен, гевгеличани притискаа до самиот крај.

Антоан со 21 поен и осум скока беше лидер, зад него беше Стајиќ со 17 поени и 8 асистенции. Стевановиќ имаше 30 поени и 10 скока, премалку за победа на Кожув.

Претходно, Куманово го совлада Гостивар на домашен терен со 71-61 за втора победа оваа сезона. Со овие бодови кумановци се изедначија со противникот бодовно, двата тима имаат по седум бода.

По 18-22 за гостите, Куманово со добра игра во втората четвртина на одморот поведе со 36-32, а потоа успеа минимално да ја сочува позитивата.

Волер имаше 18 поени кај победникот, еден помалку запиша Радукиќ. Кај гостите, Соколов, Митревски и Комагум имаа по 15 поени.

ПретходноПо две ремија, конечно, Јуве славеше во Удине
СледноВулверхемптон и Кристал Палас одиграа бурно реми