Половина час за Елмас во поразот кај Дортмунд

241

Елиф Елмас конечно доби нешто минутажа за својот тим Ред Бул Лајпциг, но ниту нашиот репрезентативец не успеа да му помогне на клубот кој загуби на тешкото гостување кај Борусија Дортмунд со конечни 2:1.

Елмас заигра во последните половина час, влезе во игра во 64. минута за да во 65. домаќинот постигне гол. Патем да направи комплетен пресврт откако Шешко го доведе Ред Бул во водство во првиот дел, израмни Беиер, а конечниот резултат го постигна Гуираси.

Што се однесува до Елмас, тој мака мачи со минутажата во Ред Бул далеку е од улогата која што сите очекувавме да ја има и во моменто е само втора или евентуално трета замена во зависност од резултатот.

Ред Бул остана на своите досега 20. бодови и во моментов второ место, додека пак Дортмунд е петти со 16. бода.

 

ПретходноВулверхемптон и Кристал Палас одиграа бурно реми
СледноМиовски изнуди пенал и го повреди скочниот зглоб, неизвесен за репрезентативниот собир?